Огромен број на детергенти кои скоро секое семејство ги користи за одржување на хигиената и чистотата во домот се креирани по хемиски пат и содржат многу различни хемикалии кои влијаат негативно на нашето здравје.
Без разлика дали ние сакаме или не, при користење на овие средства ние ги вдишуваме тие хемикалии и иако средството е ефективно и ја врши функцијата соодветно, тоа пасивно влијае на нашето здравје и допринесува за тоа како се чуствуваме во моментот.
На пример, приметете колку сте среќни и насмеани кога го чистите тоалетот… Сега замислете како би се чуствувале доколку при секое чистење на тоалетот вие се чуствувате како да се наоѓате во борова шума.
За разлика од останатите широко распространети средства кои се базираат на хемикалии, средствата кои ги произведува Лимес се направени од природни ресурси кои се подеднакво ефективни како и сите останати средства кои сте ги користеле досега, но наместо оној тежок мирис на хемикалија кои предизвикува муртење на вашето лице, по користење на овие средства вашиот дом добива свежина и нов бран на позитивна енергија кои произлегува од свежината и мирисот на природа во вашиот дом.
Истите тие средства кои ги спомнавме погоре, покрај тоа што негативно влијаат на тоа како се чуствувате во моментот,тие исто така негативно влијаат и на вашето здравје долгорочно бидејќи кога една штетна хемикалија ја внесувате во вашиот организам редовно, безразлика колку е мала количината и колку често го правите тоа, таа хемикалија има долготрајни негативни ефекти на вашето тело и може да предизвика несакани ефекти на вашето здравје во иднина за кои ефекти вие нема ни да се посомневате или да ги обвините вашето средство за бришење прозори или чистење тоалет. Сепак оние видни негативни ефекти кои може да ги осетите веднаш (вртоглавици, главоболки, итн.) би требало да бидат доволна причина за да преземете чекор и се ослободите од она нешто што ги предизвикува тие несакани ефекти.
Како средствата на Лимес го подобруваат квалитетот на вашето здравје?
Со производите на Лимес не само што не внесувате штетни хемикалии кои можат да го загрозат вашето здравје, туку вие вдишувате мириси кои потекнуваат од билки донесени од природата, кои што прават да се чуствувате како да сте излизени надвор во природа, а не во вашиот дом.
При користење на овие средства, пријатен мирис на свежина се распространува низ просторијата во која го користите средството што предизвикува чуство на смиреност и блага насмевка на вашето лице.
Како пример ќе го земеме сјајот за рачно миење садови…
Пријавен случај од неколку корисници на нашите производи е дека цел живот имаат проблем со сува кожа на дланките, пукање на кожата на прстите и слично, но одкако почнале да го користат сјајот за миење садови од Лимес, тие се фалат дека не само што повеќе не им пука и не им се лупи кожата на дланките туку напротив, тие сега имаат мека кожа и сфаќаат дека хемикалиите присутни во сјајот за миење садови кој го користеле до сега бил виновник за долгогодишен проблем со кој се соочувале.
Сето ова е доволен показател за квалитетот кој го нудат производите на Лимес и е повеќе од доволен аргумент кој ќе ве натера да се запрашате дали вреди да си го ризикувате вашето здравје само за да останете верни на нешто кое не ви работи во полза?