Добро познат факт е дека природата влијае позитино на нашето тело, ум и здравје. Затоа Лимес се залага да креира производ кој се состои ислучиво од состојки најдени во природата или одгледани по природен пат кои покрај тоа што ја вршат првичната намена за која се креирани исто така со себе ја носат и сета свежина која прави да се чуствувате како да сте опкружени со дрвја цвеќиња и зеленила.
Ова е особено важно, поготово со овој модерен начин на живот кои се повеќе го практикуваат луѓето наоколу. Во градот има се повеќе асфалт, а се помалку природа, има се повеќе автомобили а се помалку чист воздух а ефектот што го имаат тие хемикалии кои секојдневно ги вдишуваме на нешето ментално здравје пред се, е страшен.
Се повеќе гнев, кавги, лицемерие, тензија и омраза. Навикнати сме на овој отровен воздух па не сме ни свесни дека од што сме толку затруени не знаеме да се носиме ни со себе, а камо ли пак со оние околу нас. Единствено бегство од сите овие негативни чуства, мисли и емоции е момент насамо во природа, на најблиската висина илирид од каде јасно се гледа смоговиот облак над градот кој секојдневно не уништува малку по малку.
За среќа, средствата на Лимес ни пружаат можност да истото тоа чуство на смиреност што го доживуваме кога сме во природа, го доживееме и дома. Многу од корисниците на производите на Лимес ги заменија оние вештачки освежувачи на воздух кој прскаат миризливи хемикалии со производи од лимес на кој првичната намена воопшто не им е освежување на воздух туку чустење стакла или санитарија, но поради тоа што тие толку силно мирисаат на состојките од кои се направени (бор, невен, босилек), истите можат да се користат дури и како освежувачи на воздухот кои ќе ве донесат во поголем допир со природата.
Отстранетеги хемикалиите од вашиот живот. Освежувачот на воздух креиран по хемиски пат, иако мириса убаво има подеднакво негативен ефект како и средството за чистење тоалет кое ви предизвикува мамурни чуства, намуртен лик, главоболки и вртоглавици и доколку тие хемикалии би ги замениле со производите на Лимес кој се состојат исклучиво од природни ресурси. вашиот живот би се подобрил видно и значајно.