Огромен број на детергенти кои скоро секое семејство ги користи за одржување на хигиената и чистотата во домот се креирани по хемиски пат и содржат многу различни хемикалии кои влијаат негативно на нашето здравје.
Без разлика дали ние сакаме или не, при користење на овие средства ние ги вдишуваме тие хемикалии и иако средството е ефективно и ја врши функцијата соодветно, тоа пасивно влијае на нашето здравје и допринесува за тоа како се чуствуваме во моментот.
На пример, приметете колку сте среќни и насмеани кога го чистите тоалетот… Сега замислете како би се чуствувале доколку при секое чистење на тоалетот вие се чуствувате како да се наоѓате во борова шума.
За разлика од останатите широко распространети средства кои се базираат на хемикалии, средствата кои ги произведува Лимес се направени од природни ресурси кои се подеднакво ефективни како и сите останати средства кои сте ги користеле досега, но наместо оној тежок мирис на хемикалија кои предизвикува муртење на вашето лице, по користење на овие средства вашиот дом добива свежина и нов бран на позитивна енергија кои произлегува од свежината и мирисот на природа во вашиот дом.
Истите тие средства кои ги спомнавме погоре, покрај тоа што негативно влијаат на тоа како се чуствувате во моментот,тие исто така негативно влијаат и на вашето здравје долгорочно бидејќи кога една штетна хемикалија ја внесувате во вашиот организам редовно, безразлика колку е мала количината и колку често го правите тоа, таа хемикалија има долготрајни негативни ефекти на вашето тело и може да предизвика несакани ефекти на вашето здравје во иднина за кои ефекти вие нема ни да се посомневате или да ги обвините вашето средство за бришење прозори или чистење тоалет. Сепак оние видни негативни ефекти кои може да ги осетите веднаш (вртоглавици, главоболки, итн.) би требало да бидат доволна причина за да преземете чекор и се ослободите од она нешто што ги предизвикува тие несакани ефекти.