Доколку имате вишок слободно време кое би сакале да го искористите правејќи нешто корисно, Лимес ви нуди цел програм за дополнителна заработка кој може да ви донесе солидна сума на пари доколку го работите правилно, без притоа да ви одземе премногу енергија или ви донесе дополнителни стресови.
Со самото членство во Лимес, вие имате опција да почнете да вршите продажба и дистрибуција на производите на Лимес со што би заработиле 33% од сумата која ја наплаќате на крајниот купувач. Тоа се истите 33% кои вие ги добивате како попуст кога пазарувате за себе, но кога продавате Лимес производ на некој ваш познаник, пријател или роднина, Лимес ви дозволува таа третина од продажната цена да ја задржите за себе како начин да ве мотивира да го распространите брендот и ја раширите мрежата уште повеќе и како награда за вашиот труд.
Без разлика на вашиот пол или години, Лимес нуди шанса за дополнителна заработка на секого и се што е потребно за да и вие можете да учествувате во програмот на Лимес, е да ја разберете идеологијата позади се што нуди Лимес со што би станале достојни да го претставите Лимес како бренд и ги препорачате производите од асортиманот на Лимес, притоа заработувајќи 33% од сумата.
Освен овие 33%, со секоја продажба извршена од вас или од некој кој се наоѓа во вашата мрежа, вие добивате бодови кои се запишуваат на ваше име, и ви овозможуваат да добиете дополнителен процент од целокупната сума заработена од продажби во вашата мрежа. Иако овие 33% изгледаат примамливо, бодовниот систем е она што би ви донело пасивен приход и достојни заработки на долгорочно, но повеќе детали за него можете да дознаете од вашиот спонзор или преку деталните објаснувања во внатрешноста на сајтот на Грин Клин одкако ќе се зачлените во Лимес.
Звучното име на оваа титула може да креира слика за голема обврска и потреба од огромна одговорност но вистината е дека секој член на Лимес, без разлика дали се има зачленето поради заработка или личен попуст има право да продаде некој од производите од асортиманот на лимес и притоа да задржи една третина од профитот која третина инаку би се рачунала како личен попуст доколку би ги купиле истите производи за себе, што го прави тој член “продажен агент”, бидејќи нели, штотуку извршил продажба.
Но оваа титула не бара од вас да активно продавате или потпишете некаков специјален договор. Со самото членство во лимес, вие се стекнувате со право да вршите продажба и дистрибуција на сите производи кој ги нуди Лимес. Одговорноста ќе биде клучна за вашиот успех но сепак никако не ве обврзува да правите ништо поврзано со оваа работа. Доколку пробате и увидите дека ова нешто не е за вас или не ви се допаѓа, слободно престанете со продажба без да известите никого за тоа. Дури и вашиот спонзор да ви се јави за да ве праша дали планирате да продолжите со работа, имате право да му одговорите што сакате. Незнам, неможам, несакам, правам пауза, итн. и можете да бидете сигурни дека притоа ќе налетате на разбирање од нивна страна.
Освен сите предности што ги нуди Лимес како компанија, со членство во мрежата на Грин Клин вие добивате пристап до внатрешноста на сајтот на Грин Клин каде детално се објаснети начини за работа кои би ви помогнале да постигнете резултати поефикасно и истите лесно разбирливи информации неможат да се најдат надвор од мрежата на Грин Клин, барем не на начин на кој што се објаснети кај нас.
Покрај тоа, ние нудиме потполна поддршка и конкретен одговор на сите директно поставени прашања кои ве засегаат, се грижиме и посветуваме внимание на секој член кој е заинтересиран за успех и е вољен да вложи време и труд во разбирање на програмот, учење на нови начини и применување на стекнатото знаење и сме спремни да навлеземе длабоко во решавање на било каков проблем со кој ќе се соочите на патот кон успехот.
Исто така со членство во нашата мрежа, доколку се решите да работите и посигнете некаков успех, не само што ќе добиете директна поддршка при градење на мрежа и успешно воспоставување на бизнис кој може да ви донесе пасивни приходи, вие ќе добиете и подетална обука за како да ги мотивирате вашите членови да го постигнат истиот успех како вас, како и овластувања да дадете пристап на вашите членови до внатрешноста на сајтот на Грин Клин со што би им помогнале да ги добијат истите инофрмации кој беа клучни за вие да го постигнете овој успех.
Limes Green Clean производите ви нудат по здрав пристап кон чистењето во вашиот дом.
Покрај првичната намена, нашите производи се исто така познати и по своите лековити дејства.